Министрите за одбрана на ЕУ бараат итен договор за опциите за финансирање на Украина
Од клучно значење е да се обезбеди сигурно финансирање за Украина, согласно договорот од октомврискиот Самит на ЕУ за покривање на финансиските потреби на земјата за следните две години, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас по завршувањето на Советот за надворешни работи на Унијата на ниво на министри за одбрана.
- Министрите...
Првпат изведена хирушка интервенција на ‘рбетен столб во прилепската болница
Во прилепската болница „Борка Талески“ за првпат успешно е изведена сложена хируршка интервенција на 'рбетниот столб, конкретно на лумбалниот сегмент. Ова претставува прва операција на 'рбет изведена надвор од Скопје и Охрид, што претставува значаен чекор за прилепскиот регион.
- Операцијата беше изведена од д-р Игор Мерџановски, во координација со колегите од Клиниката за ТОАРЛИУЦ, тимот од Одделението за ортопедија...
Зеленски: Мирот во Украина мора да биде навистина траен
Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека неговите повеќечасовни разговори со францускиот претседател Емануел Макрон биле фокусирани на изнаоѓање начин за завршување на војната, нагласувајќи дека мирот во Украина мора да биде навистина траен.
- Војната мора да заврши што е можно побрзо. Многу зависи од ангажманот на секој лидер. Денеска ќе разговараме и со други лидери - напиша Зеленски...
Исплатена ноемвриската пензија без никакви проблеми, велат од ПИОМ
Исплатата на ноемвриската пензија е извршена и нема никаков проблем во тој дел од работата на Фондот на ПИОМ, нагласи директорот Никола Мемов на денешната 25. седница на на Управниот одбор на Фондот.
Како што се наведува во соопштението од Фондот на ПИОМ, Мемов, исто така, информира дека е потпишан Анекс на Протоколот за размена на податоци со Управата за...
Во прекин железничкиот сообраќај, машинскиот извршен персонал во бојкот
Машинскиот извршен персонал од денеска од 13 часот стапи во бојкот што значи дека вработените ќе доаѓаат на работа, но нема да ги извршуваат работните обврски. Поради бојкотот, во прекин е патничкиот железнички сообраќај, односно возот за Битола не замина а, според најавите, нема да замине ниту возот за Гевгелија.
Од Синдикатот на машиновозачи велат дека бојкотот може да потрае...
Тошковски: Започна пробниот период на системот „Безбеден град“, за 12 часа над 65.000 прекршоци
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот, каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City), по повод почетокот на пробниот период во кој сторителите на сообраќајни прекршоци ќе добиваат известување за сторениот прекршок.
Со последните измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, прекршоците документирани со технички средства – камери, сензори и уреди за...
Од Владата до Собранието пристигнале нови предлози за министри на местата на Меџити и Муртезани
До Собранието е пристигнат предлогот за новите министри од ВРЕДИ, информираа попладнево од кабинетот на претседателот на законодавниот дом Африм Гаши. Новите министри треба да дојдат на местото на Изет Меџити, кој беше прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање до неговиот избор за градоначалник на Општина Чаир, како и на министерот за европски прашања Орхан...
Повратот на средства од МојДДВ за третиот квартал не е прекинат, ниту откажан, велат од УЈП
Повратот на средства од МојДДВ за третиот квартал не е прекинат, ниту откажан, велат од Управата за јавни приходи. Оттаму посочуваат дека во процесот на исплата кај дел од спецификациите се појавил технички проблем кој бара целосна преработка на истите.
- Имено, доколку постои дури и само еден налог каде се појавува корисник со промена на банка или трансакциска сметка,...
Владата и СЗО потпишаа петгодишна Стратегија за соработка во областа на здравството 2026 – 2030 година
Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство Азир Алиу и шефот на Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во нашата држава д-р Аким Али денеска потпишаа петгодишна Стратегија за соработка меѓу Владата и СЗО 2026 - 2030 година.
Како што информира Министерството за здравство, на настанот со онлајн вклучување се обратил и директорот на Светската здравствена организација за Европа Ханс Клуге.
-Денешниот...
Програма за волонтирање на младите во Собранието
Собранието е отворено за младите и за нови идеи, порача претседателот на Собранието Африм Гаши на свеченото отворање на Волонтерската програма за 2025 година, што денеска се одржа во законодавниот дом. Програмата им овозможува на младите да се запознаат одблиску со работата на Собранието и да стекнат практично искуство во институцијата.
Гаши истакна дека визијата од првиот ден на неговиот...







































