Билјана Црвенковска и Румена Бужаровска во книжевниот избор „Штефица Цвек“ за 2025 година
Две книги од Македонија „Приказни од Sунливото Море“, роман за деца и млади на Билјана С. Црвенковска (издание на „Чудна шума“) и „Тони“, роман на Румена Бужаровска (издание на „ТРИ“) влегоа во седумте дела во регионалниот книжевен избор „Штефица Цвек“ за 2025 година што вчера беше објавен во Подгорица.
„Штефица Цвек“ е некомпетитивен избор кој четврта година по ред ги...
Лидија Танушевска добитничка на наградата „Драги“
Наградата за најдобар книжевен превод на македонски јазик „Драги“ за 2025 година ја доби Лидија Танушевска, за превод од полски јазик на делото „Емпусион“ од авторката Олга Токарчук, во издание на „Антолог“.
Комисијата за доделување на наградата, во состав проф. д-р Анастасија Ѓурчинова, претставник од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, д-р Јана Михајловска, член од семејството на Драги Михајловски, и Иван...
Промоција на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“
Промоцијата на првиот број за 2025 година на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ ќе се одржи вечерва, во 19 часот, во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп
- Време е плодовите од гранките на дрвото на мудроста, кои се стремат кон единство со сончевата облагородувачка светлина и посегаат по небото како единствена граница на духот и креативноста, од срце...
Шведскиот „Престолонаследникот и враќањето на Тиранинот“ и рускиот „Од почеток“ – најдобри играни филмови на „Џифони Македонија“
Шведскиот филм „Престолонаследникот и враќањето на Тиранинот“ од Торд Даниелсон е најдобар кај јуниорите (од шесто до деветто одделение), а рускиот „Од почеток“ од Полина Кондратева е најдобар за кадетите и сениорите (од прва до четврта година средно) на 13. „Џифони Македонија“. Вообичаено, по изгледаните филмови во повеќе категории, жирито на фестивалот, кое се состои од сите негови учесници,...
Ретроспектива „Рапсодија на бои“ од Зоран Лазаревски во „Ко-ра“
Во рамките на богатата културна понуда на Град Скопје како европска престолнина на културата 2028 и во рамките на „Бела ноќ 2025“, „Ко-ра“ поканува на отворањето на самостојната ретроспективна изложба на цртежи и на графики „Рапсодија на бои“ по повод 50 години творештво на Зоран Лазаревски. Изложбата ќе биде отворена денеска во 20 часот, во галеријата „Ко-ра “ -...
„Градина полна латици“ е храбра книга-сликовница за сите генерации
Иван Антоновски создал бисер на книжевноста за деца: и за оние деца со малку години, и за оние деца со многу години, и за оние деца пред пензија, посочува Венко Андоновски
„Градина полна латици“ од Иван Антоновски, со илустрации на Иванка Ниба, во издание на „Светулка“, ќе биде промовирана денеска, во 12 часот, во „Цреша бар“. Промоторка на оваа...
Македонија – свето име што не загинало (2)
Мистична Македонија: Музеј под отворено небо
Фељтон на „Нова Македонија“ според документарните серии и филмови на продукцијата „Аристон“ и книгата „Mystical Macedonia: An Open Air Museum“, објавена на „Амазон“ од Никола Ристевски, магистер по маркетинг-менаџмент, публицист и продуцент
Добре дојдовте во Македонија, земја на волшебни предели, богата историја и уникатни знаменитости. Во овој фељтон ќе ви ги претставиме природните ресурси,...
Израелската Влада нареди запирање на офанзивните операции во Појасот Газа
Израелската Влада ѝ нареди на војската да ги ограничи офанзивни операции во Појасот Газа и соопшти дека се подготвува за „итна имплементација“ на првата фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп по одговорот на Хамас, објавија израелските медиуми.
- Како резултат на одговорот на Хамас, Израел се подготвува за итна имплементација на првата фаза од планот на Трамп за...
Ќе страдаат ли човековите права во отворената внатреевропска битка за моќ (3)
АНАЛИЗА: ЗОШТО НЕКОИ ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ СЕ СТРЕМАТ ДА ЈА ОГРАНИЧАТ ТОЛКУВАЧКАТА МОЌ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА?
Во отворено писмо од 22 мај 2025 година, девет земји членки на Советот на Европа повикаа на „испитување на начинот на кој Европскиот суд за човекови права го развил толкувањето на Европската конвенција за човекови права“ и, во име на својот...
Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп
Палестинското радикално движење Хамас синоќа соопшти дека ќе ги ослободи и предаде сите израелски заложници - и живите и мртви - во согласност со предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп.
Хамас, исто така, ја потврди својата подготвеност веднаш да започне преговори преку медијатори за деталите од договорот.
Палестинската организација, исто така, изразува и подготвеност да се откаже од контролата врз Појасот...







































