Промоција на романот „Годините“ од Ани Ерно
В сабота ќе се одржи промоција на романот „Годините“ (2025, „Илика“) од француската нобеловка Ани Ерно, во бифето на Младинскиот културен центар, со почеток од 19 часот. Книгата ќе ја промовираат и за неа ќе разговараат Андријана Папиќ Манчева, преведувачката на романот, Ведран Диздаревиќ, уредникот на изданието, и Катерина Шекутковска, главната и одговорна уредничка на издавачката куќа „Илика“.
Покривајќи го...
Нов албум на Алавукс
Алавукс се издвојува како клучна фигура на источноевропската електротехносцена, промовирајќи го тој звук повеќе од две децении преку многубројни истакнати издавачки куќи. Неговото најново издание за босанско-херцеговската издавачка куќа „Адриатико“, насловено „Polar Light“, го продолжува ова наследство со прецизност и стил.
Воведната песна „Polar Light“ прикажува богата палета на моќни ритми и енергија подготвени за подиумот за танцување. „Arctic Vortex“...
Објавен англискиот превод на научнофантастичната новела „До_адната книга“ од Стефан Марковски
Деновиве на „Амазон“, „Букшоп.орг“, „Палас маркетплејс“, „Одило“, „КлаудЛајбрари“, „Бороу бокс“ и на други книжевни платформи беше објавена научнофантастичната новела „До_адната книга“ со апсурдистичко-сатирични и експериментални книжевни елементи од Стефан Марковски, која минатата година ја доживеа и својата објава на македонски јазик.
Новелата, со англиски наслов „The Bo®ing Book: A Sci-Fi Satire about the Art of Whatever Meaning Can Be“, има...
Роденденска планинарска тура за 81. роденден на „Нова Македонија“
По петти пат во чест на роденденот на „Нова Македонија“ в сабота се организира планинарски марш со почетна точка од селото Горно Врановци, каде што е испечатен првиот број на весникот. Турата е долга 19 километри, се совладува надморска височина од 1.460 м, а трае десетина часа. Крајната цел е врвот Кале, на 2.112 м надморска височина. Петта година...
Условна казна затвор од две години за напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска
Условна казна затвор од две години, која нема да се реалзиира ако не стори друго кривично дело во следните пет години, му изрече Основниот кривичен суд Скопје денеска на Реџеп Нуредини, врз основа на признание на вина, за нападот врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во јуни годинава во Чаир.
Бранителот на Реџеп Нуредини, адвокат Насер Рауфи, во изјава...
Изложба „Современа скулптура“ во Музејот на градот Скопје
Изложбата „Современа скулптура“ ќе се отвори во Музејот на градот Скопје од 20 часот. Изложбата „Современа скулптура“, реализирана како дел од програмските активности на ДЛУМ, со поддршка на Министерството за култура и туризам, претставува значаен преглед на современите скулпторски тенденции во македонската ликовна сцена. Со учество на шеснаесет уметници од различни генерации, оваа изложба не се јавува како едноставна...
Глад во Газа: Останале само 232 хектари обработлива земја
Се проценува дека 98,5 проценти од обработливата земја се недостапни за обработување, а производството на храна не може повторно да се активира без значителни промени во достапноста, безбедноста, поддршката на локалните заедници и новите извори на живеење
Новата процена на Организацијата на Обединетите нации за храна и земјоделство (ФАО) и на Сателитскиот центар на Обединетите нации (УНОСАТ), извршена преку...
Виртуелен поглед од иднината на артефакти стари до 5.000 години
МУЗЕЈОТ „ЛИЈАНГЖУ“ – ТЕСТАМЕНТ НА НАЈСТАРАТА КИНЕСКА ЦИВИЛИЗАЦИЈА
Музејската поставка ја осветлува сложената врска помеѓу културата Лијангжу, артефактите и општествената структура, овозможувајќи им на посетителите сеопфатно разбирање на оваа древна цивилизација. Интересна е употребата на модерните технологии во музејот, кои им овозможуваат на посетителите уникатно искуство. На пример, со ВР-очила, кои може да ви ги обезбедат музејските работници, можете...
Отворена бесплатна телефонска линија кај Народниот правобранител за пријавување на изборни повреди на 2 ноември
Во канцеларијата на Народниoт правобранител на денот на одржувањето на вториот круг од Локалните избори - 2 ноември во периодот од 7 до 19 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на која што граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.
Како што соопштуваат од канцеларијата на Омбудсманот, отворени за граѓаните (покрај главната канцеларија во Скопје)...
Зошто „Сопранови“ е можеби најдобрата серија на сите времиња
Анализа од „Белиот лотос“ до „Црниот зајак“ - наследството на „Сопранови“ сè уште владее над модерната телевизија
Тони Сопрано – суров криминалец и во исто време загрижен татко – еднакво се бореше со непријателите на улица, како и со сопствениот ум. Таа двојност ја направи серијата не само иновативна туку и полна со непредвидливи пресврти. Телевизијата доби нов херој...








































