Зајакнување на меѓународната енергетска соработка и нови инвестиции во регионот

Во рамки на 14. Меѓународен форум за енергија и одржлив развој – IFESD-14, кој оваа година се одржа во Скопје, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари низа билатерални средби со високи претставници на меѓународни организации, финансиски институции и регионални партнери. Средбите беа фокусирани на продлабочување на енергетската соработка, размена на искуства во енергетската транзиција, како и...

Кривичниот суд, но и целиот судски систем се наоѓа пред голем предизвик – судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Кривичниот суд, но и целиот судски систем во моментов се наоѓа пред еден навистина голем предизвик, односно судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани кое е од  исклучителна сложеност и општествена важност, порача в.д. претседателката  на Основниот Кривичниот суд – Скопје, Даниела Димовска, во своето обраќање на Годишното собрание на Здружението на судии на РСМ, што се одржа...

Скопјанец осомничен за повеќекратно загрозување на сигурноста на својата поранешна девојка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 33-годишен скопјанец, осомничен за повеќекратно загрозување на сигурноста на својата поранешна девојка. Како што соопшти Јавното обвинителство, во периодот од 5 до 30 октомври, осомничениот со умисла извршил повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на истото дело, упатувајќи сериозни закани дека ќе нападне врз животот на неговата поранешна...

Промовирана поштенска марка издадена по повод 75 години од основањето на Сојузот на филателистите на Македонија

Во Скопје денеска беше промовирана поштенска марка, издадена по повод 75 години од основањето на Сојузот на филателистите на Македонија (СФМ). Настанот беше во организација на АД Пошта на Република Македонија и Сојузот на филателистите на Македонија. Обраќање пред присутните имаше Синиша Павлески, претседател на Сојузот, чие дело е логото на СФМ, што е на поштенската марка што денеска беше...

Единаесет доживотни казни за пожарот во хотелот „Гранд Картал“ во кој загинаа 78 лица во Турција

Судот во северозападна Турција денеска изрече единаесет доживотни затворски казни за смртоносниот пожар што во јануари го зафати луксузниот хотел „Гранд Картал“ во скијачкиот центар Карталкаја, во кој загинаа 78 лица, јави турската телевизија НТВ и државниот сервис ТРТ. Триесет и четири од жртвите биле малолетни деца кои во хотелот го поминувале зимскиот распуст со своите родители. Вкупно 137 лица...

Кога жените водат, мирот трае, истакна Рокас на одбележувањето на 25-годишнината од усвојување на Резолуцијата на 1325 на ОН – Жени, мир и безбедност”.

Родовата еднаквост и зајакнувањето на жените се предуслов за превенција и решавање на конфликтите, порача денеска евроамбасадорот Михалис Рокас на настанот на одбележувањето на 25-годишнината од усвојување на Резолуцијата на 1325 на ОН – Жени, мир и безбедност”. Тој посочи дека Европската Унија е партнер на земјава, но и на сите останати во Западен Балкан во процесите на зајакнување...

Раст од 2,7 проценти на индустриското производство во септември на годишно ниво

Индустриското производство во септември годинава е зголемено за 2.7 проценти  во однос на септември минатата година, а за 2,3 проценти во периодот јануари – септември 2025-та споредено со истиот период од  2024-та - објави денеска Државниот завод за статистика. Во секторот Преработувачка индустрија,  во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, регистриран е раст од 3,1 процент на...

Два лека против згрутчување на крвта од крајот на ноември ќе може да се земаат на рецепт во аптека

Два лека против згрутчување на крвта од крајот на ноември ќе може да се земаат на рецепт во аптека. Ова денеска го истакна генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој по брифингот со новинарите изјави дека станува збор за двата антикоагуланси Еноксапарин и Надропарин, кои досега беа на болничката позитивната листа и за домашно лекување граѓаните мораа...

Лани само седум отсто од преговарачите во мировните процеси биле жени, истакна Силјановска-Давкова на одбележувањето 25 години од Резолуцијата 1325 на ОН

Во формалните мировни процеси женското учество сè уште е симболично, за што говори фактот дека минатата година само седум отсто од преговарачите биле преговарачки, односно жени, порача денеска претседателката Гордана Силјановска Давкова на одбележувањето на 25-годишнината од усвојување на Резолуцијата на 1325 на ОН – Жени, мир и безбедност”. -За мене, ова не е само обична бројка, туку предупредувачки факт...

Како да ги победите зимските настинки

Медицински совет Витаминот Ц воопшто не влијае на тоа дали ќе настинете. Заборавете на витаминот Ц и на пробиотичките јогурти – професор по имунологија од лондонскиот Империјален колеџ открива што навистина функционира во борбата против зимските настинки. Професорот Даниел Девис, имунолог од Империјалниот колеџ, го проучува имунолошкиот систем веќе 25 години. Тој објаснува кои трендови за зајакнување на имунитетот треба да...