Би-би-си ќе му се спротивстави на Трамп, нема основа за тужба за клевета

Британската Би-би-си ќе се спротивстави на каква било правна постапка што ќе ја покрене Доналд Трамп против неа, им изјави директорот на јавниот радиодифузен сервис во петокот на своите вработени, додавајќи дека нема основа за тужба за клевета поради начинот на кој е монтиран еден од говорите на американскиот претседател. Трамп во петокот изјави дека веројатно ќе ја тужи Би-би-си...

Потврдено обвинение за корупција во врска со падот на бетонската настрешница во Нови Сад

Виши суд во Белград денеска објави дека е повторно потврдено обвинението на Специјалното одделение за сузбивање корупцијата на Вишото јавно обвинителство во Белград против раководителот на Српската железничка инфраструктура и двајца членови на Комисијата за технички преглед на железничката станица во Нови Сад. Во соопштението за медиумите, судот потсетува дека обвинението првично било потврдено на 17 април, но дека Апелациониот...

„Големите приказни на малите херои“: Втора конференција за родителство на Бекутан на „Алкалоид“

Подигнување на свеста за предвременото раѓање преку дискусии со стручни лица, како и преку лични приказни споделени од родители и од индивидуи кои и самите се родени предвреме, беше целта на настанот организиран од брендот Бекутан на „Алкалоид“ - втората конференција за родителство насловена „Големите приказни на малите херои“. Стана збор за предизвиците, подвизите и поддршката која им е...

Иштван К. Сабо – добитник на наградата „Јон Карамитру 2025“

Академија „Балканика Европеана“ вчера ја одржа својата свечена церемонија за доделување на наградата „Јон Карамитру 2025“ во Народниот театар во Битола, на отворањето на „Шекспир фестивал“. Наградата, која Академијата ја доделува во соработка со Романскиот институт за култура, (IRC) е именувана по Јон Карамитру — познатиот романски актер, режисер и прв претседател на академијата. По неговото заминување во вечноста, функцијата...

Заврши општата расправа за Предлог-буџетот за 2026

Собраниската Комисија за финансирање и буџет, попладнево, по три дена расправа, го заврши општиот претрес по Предлог-буџетот за 2026 година. Расправата по поднесените над 100 амандмани ќе продолжи утре, по завршување на закажаната пленарна седница, најави претседателката на комисијата Јованка Тренчевска. Пратениците од владејачкото мнозинство и во попладневниот дел од расправата изнесоа ставови дека предложениот буџет е реален и развоен...

Земјотрес со интензитет од три степени почувствуван во североисточниот дел од земјава

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала денеска беше почувствуван во североисточниот дел од земјава, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. - Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија денеска во 15 часот и 48 минути регистрира земјотрес со епицентар во пограничното подрачје кај Благоевград, на околу 124 километри југоисточно од Скопје, со локална...

Невреме во Словенија предизвика поплави, одрони и оштетување на инфраструктурата

Обилните дождови во последните денови во Горишко, Словенија, предизвикуваат сѐ повеќе проблеми – поплави, одрони и оштетена инфраструктура. Многу објекти се поплавени, а на повеќе локации се активирани одрони. Најтешко е погодено подрачјето на Горишките брда, но проблеми имаат и општините Канал об Сочи и Толминско. Командантот на регионалниот штаб за цивилна заштита за Северна Приморска, Сама Космача, изјави дека за...

Доктори за случајот „Онкологија“ сведочеа дека немало конзилиум за таргет-терапии

Во Основен кривичен суд Скопје денеска во врска со случајот „Онкологија“, пред Судот сведочеа двајца лекари-специјалисти и застапници на оштетени пациенти. Даниела Попоска, онколог и радиотерапевт, која долги години работела на клиниката, појаснуваше во врска со тоа со кои лекови може да се комбинира лекот палбоциклит. Таа посочи дека тој не се комбинира со хемотерапија или бевацизумаб, туку со хормонска...

Советот на ЕУ ги одобри новите правила за суспензија на безвизниот режим

Советот на ЕУ денеска во крајна инстанца ги одобри измените на Регулативата за механизмот за суспензија на безвизниот режим за граѓаните на трети земји на кои не им е потребна виза кога патуваат во Шенген зоната, со што на Унијата ќе и се овозможи побрза и поенергична реакција во ситуации на злоупотреба на ваквиот режим или ако тој им...

Недела на италијанската кујна и во Македонија: Сицилијанските слатки во фокусот

Најголемата манифестацијата посветена на италијанската кујна во светот, а промовирана од Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија се враќа во Македонија. Оваа година, настаните ќе бидат посветени на темата „Италијанска кујна: здравје, култура и иновации“. -Оваа манифестација е особено значајна денес, во време кога италијанската кујна го доби првото зелено светло во процесот да биде признаена како...