Одлуката за можна ротација на ресори ќе зависи од лидерите на политичките партии, вели Алиу
Дали Вреди ќе добие еден член повеќе или ќе остане со шестмина во Владата, е дел од преговорите меѓу владините партнери, вели министерот за здравство Азир Алиу вечерва во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. На прашање за можна ротација на ресори, Алиу додава дека одлуката ќе зависи од лидерите на политичките партии.
Прашан можно ли е Беким Сали...
Филипче: Пратениците на СДСМ утре ќе поднесат предлог за надзорна расправа и анкетна комисија за „Пулс“
Пратениците на СДСМ и Коалицијата утре ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс“, објави вечерва претседателот на СДСМ Венко Филипче на својот Фејсбук-профил.
Филипче соопштува дека на денешната координација на пратеничката група на СДСМ и раководството на партијата оцениле дека ова се неопходни чекори.
- Пратениците...
Палестинци плаќале по 2.000 долари со авион да бидат евакуирани од Газа во Јужна Африка
Жителите на Појасот Газа кои беа префрлени во Јужна Африка тврдат дека морале да платат 2.000 долари по лице за да ги извлечат своите семејства од опустошената палестинска енклава.
Двајца жители на Газа потврдија за британските медиуми дека биле меѓу групата од 130 Палестинци на кои минатата недела им бил дозволен влез од Јужна Африка откако биле евакуирани со автобус...
Два авиони пренасочени од Скопје во Приштина, откако силен ветер го зафати скопскиот регион
Поради силен јужен ветер што го зафати скопскиот регион, два авиона се пренасочени да слетаат на приштинскиот аеродром, соопшти вечерва Дирекцијата за заштита и спасување.
Од ДЗС информираат дека два други авиона сѐ уште кружат и чекаат инструкции за слетување на Меѓународниот аеродром Скопје.
Надлежните ја следат состојбата и апелираат патниците да ги следат информациите од авиопревозниците и од аеродромските служби.
Според...
Пожари во пехчевските села Чифлик и Црник
Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Пехчево денеска реализираше две интервенции на територијата на општината, соопштија од друштвото. Првата интервенција, како што информираат пехчевските пожарникари, била во селото Чифлик, по добиен повик околу 15 часот.
- На терен интервенираа тројца пожарникари со едно возило, при што пожарот беше локализиран и спречено е неговото ширење - информираа од ДПД Пехчево.
Втората интервенција се случила...
Вооружени лица киднапираа 25 ученички од интернат во Нигерија
Вооружени лица нападнаа средно училиште во северозападна Нигерија и киднапираа 25 ученички, убија една вработен и ранија друг, соопшти полицијата.
Полицијата соопшти дека девојчињата од интернатот биле земени од нивните соби во 4 часот утринава. Училиштето се наоѓа во Мага, во областа Данко-Васагу во државата Кеби, пренесуваат американските медиуми.
Портпаролот на полицијата, Нафиу Абубакар Котаркоши, изјави дека напаѓачите биле вооружени со...
Дијана Хрка го прекина штрајкот со глад
Дијана Хрка објави дека го прекинува штрајкот со глад пред собранието на Србија во Белград што траеше 16 денови.
- Кога реков дека се оградувам од студентите и граѓаните, ме разбраа погрешно. Се оградив за никој да не штрајкува со мене. Ќе ги повикам студентите и граѓаните на состанок за да се договориме, добив благослов од двајца свештеници да го...
Николоски: Ги започнуваме стратешките проекти на коридорите
Во Македонија моментално ги реализираме најкрупните капитални проекти во изградба на патната и железничката инфраструктура на главните транспортни коридори 8 и 10. Имаме визија преку развој на инфраструктурата да придонесеме за регионален развој, за економска стабилизација и брз и сигурен транспорт кон Централна и Југоисточна Европа, истакна денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата на Економскиот...
Штипјанец возел со 143 километри на час на експресниот пат Лозово-Велес
Во близина на крстосница за село Мамутчево, на експресниот пат Лозово - Велес, вчера, околу пладне, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 45- годишниот М.Ј. од Штип додека управувал моторно возило марка „бентли“ со скоро два пати поголема од дозволената брзина, информира попладнево портпаролот на СВР Велес, Биљана Ѓаковска.
Таа појасни дека при контрола на патниот сообраќај...
Во Србија до 1 декември снабдувањето со гориво е стабилно, потоа е неизвесно
Сопствениците на најбројните бензински пумпи во Србија, по Нафтената индустрија на Србија (НИС), денеска објавија дека ќе има доволно гориво до 1 декември, а потоа, доколку рафинеријата во Панчево, што работи како дел од НИС, престане да преработува нафта поради санкции, снабдувањето на потрошувачите ќе биде неизвесно.
НИС објавија дека доколку протокот на сурова нафта не се обезбеди до тој...








































