Кремљ се надева на уште една средба Путин-Трамп

Кремљ денеска соопшти дека се надева на уште една средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп штом потребните подготовки бидат завршени. Путин и Трамп последен пат се сретнаа во август на Алјаска, каде што разговараа за можно решение на војната во Украина. Минатиот месец најавија планови за самит во Будимпешта, но Трамп го откажа велејќи...

Тошковски опериран во Клинички центар, вели МВР продолжува ефикасно да функционира

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во објава на Фејсбук информира дека бил подложен на хируршка интервенција во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. -Денеска во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје бев подложен на успешна хируршка интервенција и се чувствувам стабилно. Во моментов сум под надзор на лекарите, по што следува краток период на опоравување, наведува Тошковски. Тој во објавата...

Одложени судски рочишта против Мерко и за родилката од Дебар, парична казна за адвокатот на првообвинетите

Во Основниот суд во Струга денеска повторно беа одложени судските рочишта против поранешниот градоначалник Рамис Мерко за незаконско поставување спомен обележје - плоча на влезот на општинската зграда и за склучен договор за осветлување на дел од речното корито на Црн Дрим, како и за случајот со родилката Јилдиз Веапоска од Дебар, на која по породувањето во Болницата во...

Нема застој за националните плаќања за земјоделците, во тек се контролите на ИПАРД 3 програмата, истакна Трипуновски

Институциите при Министерството за финансии ги почнаа контролите на ИПАРД 2 и ќе се воведат контролни механизми за да се зајакне процесот - изјави министерот за земјоделство Цветан Трипуновски кој денеска беше во Тутунскиот комбинат Прилеп пред почетокот на откупот на тутунот. Владата, посочи, е таа што ги стопира средствата од ИПАРД 3 програмата и таа ќе ја симне блокадата...

Тутунскиот комбинат Прилеп од утре започнува со откуп на тутун, реколта 2025, соопшти Трипуновски

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска оствари средба со директорот на Тутунскиот комбинат Прилеп, Александар Алексовски, на која се разговараше за почетокот на откупот на тутун од реколта 2025 година. -Се наоѓаме на почетокот на откупната сезона на тутун од реколта 2025 година, согласно процедурите, мострите во текот на денешниот ден ќе бидат подигнати, што значи дека...

Направена е дератизација во домот „Пелагонија“, се надевам проблемот е надминат, истакна Јаневска

Знаете каква беше состојбата во Скопје, глувци не се појавија само во студентските домови, туку и на други места. Со оглед на тоа што се случуваше, не можам да речам дека е добро, но и очекувано е - изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска во врска со појавата на глувци во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје. Одговарајќи на...

ДИК го донесе роковникот за избор на градоначалник во четирите општини на 11 јануари

Државната изборна комисија (ДИК), по распишувањето на повторните избори за градоначалници во општините Гостивар, Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше за 11 јануари, денеска го усвои Роковникот за изборните дејствија. Претседателот на ДИК Борис Кондарко објасни дека изборните дејствија се исти, но дека роковите се скратуваат за пет дена освен за изборната кампања која ќе трае 20 дена. Согласно Роковникот...

Македонско – кинеските односи се карактеризираат со долгогодишно меѓусебно разбирање, почитување и поддршка

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, денеска остварил работна средба со делегација од Амбасадата на НР Кина во Скопје, предводена од новоименуваната амбасадорка, Џанг Сиаојан, која, како што информираат од неговиот Кабинет, се одржала во конструктивна атмосфера, при што двете страни изразиле „задоволство од континуитетот и квалитетот на билатералните односи“. Амбасадорката Сјаојен, го реафирмираше принципиелниот...

На полноќ поскапуваат бензините и дизелот

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар - одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,23 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95...

Засега нема нови мерки, цените на храната внимателно се следат, истакна Ристески

Цените на храната внимателно се следат и засега не се планираат мерки за да се спречи нивното евентуално зголемување - рече денеска заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески. Тој соопшти дека од досегашните казни за непазарно однесување на трговците, се наплатени 150 милиони денари или 2,5 милиони евра кои се слеани во државниот буџет. Одговорајќи на новинарски прашања, Ристески...