Фото: Маја Јаневска-Илиева

Два американски бомбардери „Б-52“ прелетаа над Скопје, при што граѓаните на главниот град имаа можност да видат низок прелет од авионите што се дел од Воздухопловните сили на САД во Европа и во Африка.

Прелетите на воздухопловите, како што информираа од Министерството за одбрана, имаа цел да го демонстрираат силното сојузништво на НАТО и претставуваат гарант за целата Евроатланска област, вклучувајќи ја и Македонија.

Воздухопловните сили на САД во текот на денов, освен над македонското небо, ќе извршат прелети и над Хрватска, Црна Гора и Албанија.

Каква порака испраќа прелетот на „небесните тврдини“ над Балканот?