Фото: Пиксабеј

Прелетот на двата најголеми стратешки бомбардери на САД, „Б-52“ се очекува денес над Скопје, Тирана, Дубровник и преку црногорскиот брег. Нема сомнение дека ваквата „демонстрација на сила“ носи и силна политичка порака на САД, како и на командата н НАТО која гласи „ние сме со вас“, пишува „Ал Џезира“.

Прототипот „екс-бе-52“ настанал со спој на дизајнот на авионите „Модел 4653“ и „Б-47“ , а првиот лет е претставен на 15 април 1952 година. До средината на 50-те години на минатиот век развиена е и верзијата Б-52Б и Б-52Г, при што повеќе од четири илјади американски компании учествуваа во производството на различни делови.

Во Вичита е отворена фабрика која била посветена само на производството на „Б-52“ и на неговите подверзии. Иницијалното производство е завршено во 1962 година, а потоа уследиле унапредувања. Вкупно е произведено 741 летало, со уште десетина кои ги користеа други американски државни агенции.

„Б-52“ претставува „супертврдина“ (Стратофортрес) поради можноста за носење на 20 АГМ 69 СРАМ нуклеарни проектили. Во 90-те години на минатиот век додадена е можноста за носење и на АГМ-86 стратешки проектили со голем домет, со повеќе нуклеарни глави по проектил. По 2000 година, воведена е опцијата за модерните АЦМ 129 проектили што имаат можност за самостоен лет. Морнаричката верзија „Б-52Н“ може да истрела и СЛАМ 84 противбродски проектили, познати и како „харпун“. За воздушни напади се користат и проектилите АГМ 158 ЈАССМ со вкупна тежина од 32 тони.

Двата авиона „Б-52“ кои ќе го прелетаат Балканот се стационирани во близина на базата РАФ Ферфорд во Велика Британија, што претставува еден од најголемите аеродроми за американски летала во Европа, а користена е и за време на војната во Ирак, како и за сите операции на здружената команда на НАТО. Бомбардерите „Б-52“ се користени и при бомбардирањето на НАТО врз СР Југославија во 1999 година.