Марјан Јаневски – коментари на текстот: Бугарско знаме на споменикот на Гоце Делчев во Скопје во новата провокација на бугарски активисти

– Денешнава стварност многу потсетува на крајот од 19 и почетокот на 20 век. Дали Македонците до крајот на ист начин ќе ја преживуваат?

Зоко Новес: Сето тоа е со амин од фашистичката ЕУ, каква мајка, таква и ќерка…


Ваица Илијева – коментар на текстот: Заедничко чествување на цар Самоил и по пет измени во учебниците препорача историската комисија

Би сакала некој од „нашата“ историска комисија да ми објасни доколку цар Самоил бил бугарски цар, кој бил Василиј Втори што го поразил Самоил и му ги ослепел војниците. Со која територија тој управувал? Како нашите историчари го осознале тоа? Му благодарам на тој што ќе ми објасни.


Бојан Стојановски – коментар на текстот: Виктор и Марио ја создадоа „најдобрата видеоигра од Европа“: Успехот отвора безброј врати, искуството во Рио беше неверојатно

Овие се тие млади креативни умови што треба да бидат пример и репер за целата држава и општество. Владата би требало да го потпомогне финансиски нивниот понатамошен развој и школување и да им обезбеди државни стипендии.


Љупчо Стојановски: – коментар на текстот: Курти и Вучиќ остро предупредени од ЕУ да не го потпалуваат „балканското буре барут“

Исто беше и со Македонија. НАТО ја прати УЧК од Косово, и после они миротворци. А сега законот треба да важи: за цело Косово – човекови права.