Патоказ на крстопатот за автокефалност

Иако повод за Руската православна црква да влезе во отворен судир со Константинопол е желбата на патријархот Вартоломеј да ги реши клучните спорни прашања во православниот свет, украинската и македонската автокефалност, сепак лесно е препознатлива мотивацијата на московскиот патријарх Кирил за демонстрирање доминација во православието, како најмногубројна православна црква во светот. Но, дали и како може да се одрази ова врз Македонија? Кој пат да го фати Македонската православна црква – Охридска архиепископија?

Одлуката на Руската патријаршија да прекине да го споменува името на вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на литургиите одекна како ударна вест не само во јавноста што се занимава со црковна проблематика, туку и во целата православна јавност. Таа одлука практично значи еден чекор кон нов, можеби најголем раскол во православието по оној од 1054 година кога христијанството се подели на католиции на православни.
Но, која е разликата меѓу тој и расколот штосега се навестува?

Во основа сите се повикуваат, а и тогаш се повикувале на каноните и на единството на црквата. Токму тој термин единство наедно е и најманипулираниот. Големата разлика меѓу историската 1054 година и сегашните закани за раскол од Руската црква се во немањето сериозни канонски аргументи. Но големата сличност, пак, е во истата приказна за превласт, тогаш за тронот во Рим и во Константинопол, сега за тронот во Москва и во Истанбул, или Фанар како што се нарекува областа каде што е сместена Вселенската патријаршија.

Иако повод за Руската православна црква да влезе во отворен судир со Константинопол е желбата на патријархот Вартоломеј да ги реши клучните спорни прашања во православниот свет, украинската и македонската автокефалност, сепак лесно е препознатлива мотивацијата на московскиот патријарх Кирил за демонстрирање доминација во православието, како најмногубројна православна црква во светот.

Но, дали и како може да се одрази ова врз Македонија? Кој пат да го фати Македонската православна црква – Охридска архиепископија?
Дали сето ова може да биде од некаква корист за православието во Македонија?
Никој нема дилема дека ова што се случува сега во православието е зачинето со многу политика. И тоа политика што се случува на геополитички план. Ако рускиот патријарх е неприкосновен следбеник на руската надворешна политика и тоа еднакво активна како и власта во Русија, тогаш вселенскиот патријарх е фигурата што Западот ја користи како механизам за одржување на прозападната ориентација на православието.

Сѐ поизвесно е дека Вселенската патријаршија е решена и дека никој нема да ја спречи во намерата да признае автокефална црква во Украина, иако тоа можеби повеќе е мотивирано од интересите на Западот. Сосема извесно е и дека целосната реализација на спогодбата од Преспа ќе значи и томос за автокефалност во Македонија, иако тоа формално би било изведено под името „Охридска архиепископија“

И тука нема ништо чудно, зашто голем дел од доминантно православни држави се членки на ЕУ и на НАТО или, пак, се дел од тој процес, почнувајќи од Грција, Бугарија, Романија, Црна Гора, па до Кипар, Србија, Македонија…
Целта на Москва е да ја задржи контролата преку црквата, а целта на Западот е да ги интегрира овие држави во своето семејство, нудејќи им еден широк европски светоглед, а наедно и етаблирање на православието во доминантно католичко-протестантска Европа. Таа поларизација на православието во најава, на прв поглед звучи како опасна, штетна, но што во суштина значи тоа. Аналитичарите велат дека еден православен во Москва и еден православен во Европска Унија не се разликуваат и никогаш нема да се разликуваат догматски во ништо, освен во својата ориентација во геополитичката слика на светот.

Во Македонија во овој период има голема дилема за тоа каде оди државата, а со тоа и црквата. За некои неверството кон братска Русија е незамисливо, додека, пак, за други стратегиското сојузништво со Брисел е отворената порта за реализација на македонскиот вековит сон за своја држава, а со тоа и црква.
Но, реално како стојат состојбите?

Сѐ поизвесно е дека Вселенската патријаршија е решена и дека никој нема да ја спречи во намерата да признае автокефална црква во Украина, иако тоа можеби повеќе е мотивирано од интересите на Западот.
Сосема извесно е и дека целосната реализација на спогодбата од Преспа ќе значи и томос за автокефалност во Македонија, иако тоа формално би било изведено под името „Охридскаархиепископија“.

Ако се случи тоа, тогаш МПЦ-ОА реално ќе се најде меѓу два огна. Сосема сигурно е дека нејзината автокефалност нема да ја признаат Москва и Белград, а сигурно ќе ја признаат Вселенската патријаршија, Албанската црква, Бугарската црква, а веројатно и дел од блокот грчки цркви, или оние што се под сигурна контрола на Фанар. Тоа реално би значено оспорена автокефалност, но суштински постигната цел во корист на МПЦ-ОА.

Главната придобивка од потпишан томос за автокефалност на црква во Македонија ќе значи и отворено канонско признание за посебноста на македонскиот народ и држава. Тоа е печат што омеѓува една територија, која според каноните на црквата е автокефална затоа што е самостојно државно уредена и водена од владици произлезени од овој посебен народ.
Изборот е наш!