Најмалку 79 лица загинаа откако вчера потона траект во езерото Викторија во Танзанија соопшти гувернерот на провинцијата Мванза, пренесува Би-Би-Си.

Претходно беше соопштено за 42 жртви.

Локалните медиуми информираа дека се спасени 37 лица.

Операцијата за спасување беше прекината во текот на ноќата, а денеска ќе продолжи.

Според првите проценки, траектот „Нерере“ превезувал повеќе од 300 патници.