Ова е трагедија и на сите Македонци тука и насекаде низ светот

Големо сочувство до семејствата што ги загубија засекогаш своите најмили во цутот на најубавата младост, распролетени и расцветани, пред кои се отвораше животот. Нека им дава сила Господ да ја ублажат и поднесат колку што е можно болката што ќе ги притиска до крај, оти нема зборови за утеха за нив. А тоа не е само нивна семејна трагедија туку сега е трагедија и на сите Македонци тука и насекаде низ светот. Оти Македонија и Македонците како да не можат да живеат без трагедии. Ова е страшно што се случи во Кочани. Тоа е, покрај за семејствата на трагично загинатите млади животи, сега и македонска рана. Ако е некаква утеха тоа, раната со рана се лекува.