Черчил – британски лав и стратег на македонскиот геноцид (3)

Черчил барем бил искрен, за разлика од денешните политбирократи во ЕУ, отворено да го изложи и наслика ариевскиот супрематистички портрет на западната европска цивилизација на нејзините неколку моќни сили. Се разбира, секогаш со доминација на Британија во центарот и со него како тотем на истата таа. Во Черчиловата супрематистичка визија на својата татковина и западната цивилизација како да се повторно обновени оној моќен старозаветен супрематизам и ариевизам на „избраниот народ“, Евреите, кои и Бог (Јахве) го приватизира како сопствен имот. И тука треба да се постави, од психоаналитичка гледна точка прашањето, дали, имено, и анимозитетот на Хитлер кон нив не произлегува од спознанието и зависта кон овој акт, оти за него само Германците претставуваа изворна супрематистичка ариевска раса. Она што конкретно и доволно јасно го мисли, според сè, и Черчил за Британците, кои се искренаа на тој супрематистички ариевски пиедестал, сега со потпорниот столб и на Америка, за разлика од Германците што доживеаја страшен пад како резултат на поразот во Втората светска војна.

Иако Германија сега, парадоксално, својот супрематизам на Западот, па веќе и во светот, го држи со економската доминација, со нејзиниот пред тоа нацистички, а сега, како што мислат некои, метаморфозиран во економски лик „фашизам“. А богами, имајќи го ова предвид и бескрупулозниот притисок на фрау Меркел врз Македонците за да се преименуваат и идентитетски ликвидираат. Го имаме на дело во неа „суптилно“, политички софистицирано обновен и фашизмот на германскиот Фирер, на кого таа, во Македонската идентитетска катастрофа, навистина се покажа како достоен наследник. За жал. Како и лажниот ЕУ-хуманизам и мимикриска демократија.
Иако ариевската супрематистичка филозофија на Хитлер е безмалку целосно пресликана и во британските ариевски, нарцистички и супрематистички постулати за владеење со Западот и светот. А тоа пресликување, пак, драг читателу, го направи како под индиго Черчил. За тоа крунски доказ, исто како и кај фрау Меркел, е пак и неговиот фашистички однос кон Македонците, кои по Втората светска војна во која храбро се бореа на страната на антифашизмот, имено, беа тест за новата европска визија во врска со демократијата, хуманизмот, правдата и вистината, категориите што Западот на големо ги прокламираше како основни постулати на неговата непросветителска и постфашистичка цивилизација.

Но Европа падна; се урна на македонскиот тест, па така се повтори (хипо)тезата на Томас Ман веднаш по завршувањето на војната, дека Хитлер е победен, но не и фашизмот. Македонскиот пример е крунски сведок за тоа, се разбира по јапонскиот со американските бомби над Хирошима и Нагасаки во август 1945 г.
Со тоа, како што рековме, драг читателу, бргу-бргу, без да чекаат Американците на местото на Хитлеровиот го промовираа својот фашизам. А, притоа, да не заборавиме дека во цивилизациска смисла тие се некој вид вонбрачно дете на Британците. Оттука и таа нивна цврста врска, која лисецот Черчил ја бетонира и проектира како траен проект наменет на иднината. Така, иако сега се бркаат Британија и Америка за супрематистичка доминација над светот, и во неа, гледано со голо око, речиси доминираат Американците. Но, всушност не е така, бидејќи Черчиловите Британци, како што го замислуваше лукаво тоа „британскиот лав“, се само привидно пасивни. Но тие се всушност мозокот на Англоамериканската империја, за која по нешто многу важно кажува и старозаветниот пророк Даниел, мојот омилен поет.

А, имено, кажува на крајот од толкувањето на сонот на вавилонскиот цар Набукодоносор, дека има една, пред Армагедон, а по Римската, железна империја, ама чии стапала сепак се мешавина од железо и глина, што значи дека е тоа империја осудена на распаѓање. И, ние Македонците, драг читателу, да бидам искрен, можеби повеќе од кој друг народ на светот жедно го очекуваме тој завршен чин на урнување на тој империјален џин од неговиот планетарен престол. А зошто? Затоа што таа безмилосна железна империја, наследник по суровоста на Римската, тргна по нејзините стапки за целосна ликвидација на Македонците, која денес со Преспа забрзано ја довршуваат, без да го имаат сепак предвид македонскиот талент за вампиризам, да се креваат од гробот и да го фаќаат најаве или во сонот џелатот за врат.
Туку што се случи по Втората светска војна? Веднаш на самиот нејзин крај со Хирошима и Нагасаки Американците се искачија над Хитлер, а Британците на Черчил да не задоцнат многу по нив, го направија тоа во 1948 г. со американските бомбардери полни со смрт и напалм-бомби врз Македонците во Егејска Македонија.

И сè тоа беше операција замислена од „британскиот лав“, што е за Македонците засекогаш монструм. Со неа во содејство со грчките монархофашисти требаше во Грција да се ликвидира проектот на ДАГ (Демократската армија на Грција), во чиј состав беа Македонците, за воспоставување комунистички поредок во некогашната Елада во која и ден-денес е патолошки вљубена (дали во кусок на сопствен автентичен идентитет?) Европа. И таа патологија, макар скриено, веројатно тлеела и во „матната“ цивилизациска свест на Черчил, кој во овој случај изигруваше Бајрон. Ама Бајрон, генијален поет но не и крвник, својата фасцинација од Грција (античка, се разбира) ја заврши со саможртва во Мисолунги. А фолирантот Черчил, со што ја изрази неа, драг читателу? Разбирливо, со жртвување на таа своја патологија на Македонците, чистејќи ги од родните огништа, домови и гробишта, само и само да се хранат со крвав леб Грците од нивните ниви и полиња што ги напуштаа бегајќи од британската смрт, која ги ништеше на секој чекор: од пеленачиња до старци. Па дури беа убивани и децата штотуку зачнати или, пак, пред пораѓање во утробата на македонските невести завиени со црни шамии под „демократските“ бомбардери на евро и британототемот, облечен во овој случај во костумот на Сатаната. Черчил!

Тоа е вистината, драг читателу. Оти 1948 г., која по американскиот, со Хирошима и Нагасаки, беше обновен и британскиот и европскиот фашизам во Егејска Македонија, Македонците беа двојна жртва на „британскиот лав“, а наш монструм. Прво, жртва на Черчиловата, божем бајроновска заљубеност во Грција и Грците, и второ како жртва на неговата сега патолошка омраза кон комунизмот од кој тој смртно се плашеше. И, веројатно, со таа патологија, драг читателу, тој е во некоја рака и втемелувач на макартизмот во педесеттите години на минатиот век во Америка, кога ЦИА го инјектира во свеста на Американците вирусот со име Комунизам, смртно опасен по нив, а, разбирливо, за негови пренесувачи беа посочени Русите. На тој вирус не беше имуна ни Европа. Најмалку во неа Черчилова Британија. И дека од тој комунистички и „руски“ вирус ни денес сè уште не може да се ослободи западната цивилизација е доказ и сегашното повампирување на макартизмот во неа. Па и ние, лигави со квислиншката власт од американоиди, за да не останеме поназад се вклучивме во таа макартистичка антируска хистерија. И за да го докаже владата на Заев западното полтронство, нејзиниот палеолитски министер Никола Димитров најде „рачка“ да протера еден руски дипломат, демек дека бил шпион.

Иако самиот Димитров е тоа, како официјализиран од Македонија шпион на ЦИА. Долга и мачна приказна, драг читателу, која којзнае дали ќе има сили да му ја раскаже на крвникот западен Сахријар Шехерезада. Македонската мартирска приказна, која не завршува со Черчиловите бомбардери и неговиот ариевски нацизам во Егејска Македонија 1948 г. Оти, тие бомбардери, сега во 2018 г., полни со уште поубиствени бомби дојдоа во Преспа за еднаш засекогаш да им стават крај на Македонците. Дојдоа сега во Преспа тие како негово ментално наследство, полни со идентитетска смрт наменета за „столченото племе“ (Б. Конески), кое веќе еднаш засекогаш треба да се дотолчи, да нема никаква трага од него во историската и културно-цивилизациската меморија на човештвото. Знам, сега ме прашуваш, драг читателу, што направи, и дали нешто направи големата матушка Русија во однос на овие две големи македонски трагедии на бришење на Македонците и физички и идентитетски од лицето на земјата и светот/ И во двата случаја, за жал – ништо не направи. Во вториот случај таа сепак имаше волја да стори нешто, но тука сè расипа нашиот бивш претседател Иванов, за што е малку информирана нашата јавност, иако јас имам повеќепати и пишувано и зборувано за тоа.

И, така тука ќе ја завршиме нашата колумна за Черчил, драг читателу, за „британскиот лав“, за Европа тотем, но за Македонците монструм и смртоносец, цивилизациска чума. Што друго да кажам. Оти крајно време е, драг читателу, работите, од аспект на нашите рани и историско искуство да ги детектираме и означуваме со нивното вистинско име, колку и да е тоа болно за нас, но и незгодно за тој кој ни ги нанел раните, а ние кон него, со нашите кукавички влади и политичари сè уште се однесуваме полтронски. Како жртвата заљубена во својот џелат во таканаречениот, за жал, карактеристичен за оваа гнила генерација Македонци, стокхолмски синдром. Оти, знам дека пред десетина години се пронесе вест дека требало кај нас да му се крене споменик на Винстон Черчил. И, таа иницијатива веројатно е од некој од типот на раритетните ментални примероци, кои само Дарвин ги откри на Галапагос, како што се тоа кај нас: Заев, Димитров, Пендаровски, или Денко Малевски… А листата на таквите примероци, од сортата влечуги, кај нас е многу подолга.

Трауматично долга, предолга, драг читателу, но не очајувај, оти ти за разлика од нив, безрбетни влечуги, во драматичната еволуција си се опремил со ’рбет. И ќе истраеш. Нема друго чаре, освен смртта што ти ја нудат, и во која те туркаат, да ја преобразуваш во живот. Како што го правел тоа Исус. Позната ти е таа уметност, не од претходно наведените изроди, туку од доблесните македонски херои и мартири, кои секогаш го носеа знамето „Слобода или смрт“. Не сум патетичен. Реален сум. Болно реален. Оти ако е, на пример, таткото Асномец и Македонец од петици до врв, а неговиот син кукавица, квислинг и бугароман не е виновен тој, туку природата, која, и според Дарвин, понекогаш трагично си поигрува со наследството.
Како што гледаш, драг читателу, цел спектар на теми, поттеми асоцијации отвори темата Черчил во оваа наша колумна. Черчил, кој и покрај етноцидот над Македонците без никаква грижа на совеста, не вадејќи ја пурата од уста и држејќи се за чашата со виски си поживеа долги 91 година, пред да се претстави пред Господ. Но, тука ставаме точка. До следната наша средба, моите искрени поздрави до тебе драг читателу. Оти ако те нема тебе, ме нема мене.

(крај)