Фото: Министерство за економија

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) најостро го осудуваат односот на министерот за економија Крешник Бектеши кој според информациите во медиумите, денеска за време прес конференција на недоличен, дрзок и неприфатлив начин коментира дека новинарката од Канал 5 телевизија Катерина Капкоска поставува прашања во име на другите колеги новинари, наместо да одговори на конкретно прашање од јавен интерес. Имено, станува збор за прашање поврзано со порастот на цената на природниот гас, поставено од страна на колешката за време на прес во Владата, на чија покана медиумите одговориле со своето присуство, Бектеши наместо соодветен одговор на прашање, на Капкоска и било одговорено на следниот начин: „Добра соработка невероватно имате со колегите, значи ви ги даваат нивните прашања што сакаат да ги постават….но нема проблем…“

-На истиот настан, новинарот Огнен Чанчаревиќ го осудува директно однесувањето на министерот Бектеши, на што добива одговор од него дека новинарите се тука за да поставуваат прашања, а не да даваат коментари. Потсетуваме дека не станува збор за изолиран случај, туку за негативен тренд на однесување кон новинари што бележи пораст. Токму затоа, ЗНМ ќе ги извести партнерските организации, вклучувајќи ги и ОБСЕ, Европската Федерација на новинари – ЕФН и Совет на Европа. Државните функционери, се во служба на јавноста и не смее да постои ваков начин на комуникација, кој е крајно несоодветен, непримерен, дрзок и навредлив кон новинарите, а со тоа и кон целата јавност на која треба да и бидат пренесени информациите. Несоодветното однесување со новинарите, кои играат важна улога во информирањето на јавноста, може да ја поткопа довербата во носителот на јавната функција, како и во институцијата што ја претставуваат. Ова може негативно да влијае на угледот и на поединецот и на организацијата, што потенцијално ќе доведе до последици како што се губење на довербата на јавноста, намалена јавна поддршка, па дури и формални санкции. Затоа е важно тие да се однесуваат на начин кој е со почит и професионален однос кон новинарите, дури и во предизвикувачки ситуации – стои во соопштението од ЗНМ и ССНМ.

АВМУ: Неприфатлив недоличниот однос на министерот Бектеши кон новинари на „Канал 5“ и „Телма“

Следејќи ги овие упатства, министерот може да се погрижи да се однесуваат на начин кој е професионален и со почит кон новинарите, а истовремено и ефективно да ги соопштува нивните пораки до јавноста.

-Само за потсетување, ова е четврт негативен испад на политичар кон новинари во изминатиот период, а првите три беа на Димитар Ковачевски, Али Ахмети и вчерашниот случај во МОН, со советникот на министерот Јетон Шаќири. Крајно време е функционерите да ја сфатат сериозноста на својата позиција пред јавноста и да престанат со дирекни вербални напади и инсинуации за професионалниот пристап кон работатa на новинарите – се вели во реакцијата.


ССНМ бара Владата под итно да престане со дискредитација на новинарите

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) остро реагира на недоличниот и дрзок односот на министерот за економија, Крешник Бектеши, кон новинарите на денешната прес-конференција во Владата, на која тој ги нападна новинарите, омаловажувајќи ја нивната работа, професионалност и компетентност, и напаѓајќи го нивниот интегритет.
-Во делот предвиден за новинарски прашања Бектеши денеска наместо да одговори околу цените на природниот гас поставено од новинарката од Канал 5, ја обвини за
поставување на туѓи новинарски прашања, а на укажувањето на новинарот од Телма ТВ дека на министерот не му е првпат да коментира новинарски прашања и оти тоа е безобразно од негова страна, Бектеши му одговори дека новинарите не се на прес-конеференцијата да коментираат туку да прашуваат.
ССНМ смета дека арогантниот и омаловажувачки однoс на Бектеши кон новинарите денеска не само што е скандалозен и неприфатлив, туку и ја отежнува работата на новинарите и медиумските работници и може да предизвика самоцензура, непријателско однесување кон нив, загрозување на нивната безбедност, како и нарушување на нивниот интегритет. Синдикатот бара од функционерите да престанат со дискредитација на новинарите и медиумските работници и да престанат да се впуштаат во оцена за тоа како, и за која цел, тие поставуваат прашања за кои постои јавен интерес – се вели во реакцијата.

Денешниот неприфатлив однос на Бектеши кон новинарите е само уште еден во низата на неприфатливи однесувања на политичарите кон нив, кои зачестија во изминатиот период и за кои ССНМ смета деке е време да престанат.
ССНМ сака да ги потсети политичарите и државните функционери дека нивната сензитивност кон новинарските прашања треба да биде многу висока, особено на прашања кои се однесуваат на нивните одлуки кои имаат импликации на буџетот и трошењето на народните пари.


Реакција на ММА

Македонската медиумска асоцијација на националните терестријални телевизии, силно и енергично реагира на повторните политички етикетирања на две наши членки, овојпат на „Канал 5“ и „Телма“.

-Новинарите од телевизиските куќи денеска на прес конференција во Владата беа навредувани и омаловажувани од министерот Крешник Бектеши кој не одговарајќи на поставени новинарски прашања на двата медиуми, обвини за наводни договорени прашања, што е апсолутно неточно, и при тоа споритвно на сите меѓународни новинарски кодекси ги обвини нашите членки дека новинарите не се таму за да прашуваат и коментираат, што сметаме дека е елементарна цензура од позиција на моќ.
Дополнително ММА смета дека ваквото однесување на Министерот Крешник Бектеши е притисок , новинарите да не поставуваат прашања битни за јавноста, но и навреда и клевета кон споменатите медиуми и обид да се манипулира со јавноста. Укажуваме дека на медиумите треба да им се овозможи независно работење без закани и влијание и да се обезбеди слободата на говор и изразување. Потсетуваме дека Согласно Законот за граѓанска одговорност навреда и клевета е многу јасен и прецизен и дека ги опфаќа сите физички лица , вклучително и оние кои се во извршната власт, како во случајот Министерот Бектеши. ММА очекува извинување од гореспоменатиот министер или ќе го преиспита своето однесување визави функционирањето на ова Министерство се додека е тој прв човек на истото – реагираат од ММА.