ФОТО: Принтскрин/илустрација

Од 15 до 30 минути се чека за излез на граничниот премин Богородица и за влез во државава на  ГП Табановце поради зголемена фреквенција на возила, соопшти вечерва Автомотосојузот на Македонија.

На останатите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од земјава.

-Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информира АМСМ.