Фото: Твитер

Рускиот суд го осуди Алексеј Навални на дополнителни 19 години затвор поради екстремизам.

За Навални тоа е трета затворска казна и оваа е најдолга.

Најжестокиот 47-годишниот критичар на рускиот претседател Владимир Путин веќе ја издржува 11-годишната затворска казна под обвинение за измама и други наводни злосторства, за кои тој тврди дека се исто така лажни.

Неговото сопствено политичко движење претходно беше прогласено за нелегално и означено како „екстремистичко“ од страна на руските  власти.

САД денеска ја осудија одлуката на рускиот суд кој го осуди опозицискиот политичар.

„Ова е неправеден крај на неправеден процес“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Се додава дека Кремљ со години се обидува да го замолчи Навални и дека со новата процедура руските власти уште еднаш покажале дека оние кои се осмелуваат да го критикуваат режимот не можат да сметаат на правично судење.

„Со години, Кремљ се обидуваше да го замолчи Навални и да спречи неговите повици за транспарентност и одговорност да стигнат до рускиот народ. Со спроведувањето на ова последно судење во тајност и ограничувањето на пристапот на неговите адвокати до наводните докази, руските власти уште еднаш ја илустрираа и неоснованоста на нивниот случај и недостатокот на правична постапка што им се овозможува на оние кои се осмелуваат да го критикуваат режимот“.