Земјотрес со локална магнитуда од 3,9 степени според Рихтер е регистриран утрово во 5.40 часот во епицентралното подрачје Охрид–Струга, на околу 135 километри југозападно од Скопје.
Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот бил почувствуван во југозападните делови на земјата, особено во Охрид и околината, со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала
































