Фото: Илустрација

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда 3,1 и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала бил почувствуван ноќеска од населението во Ресен, Дебар и околината.

Според Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, земјотресот регистриран 115 километри југозападно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје Дебар, се случил во 23.49 часот.