Кирил Петков

„Сметам дека добрососедството со Северна Македонија треба да биде најважно и бара многу работа“, изјавил бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за бугарската телевизија „Нова“.

-Укинувањето на ветото на Бугарија за Северна Македонија е работа што мора да ја направат и македонската и бугарската страна и да се постигне напредок во сите важни точки-ја пренесуваат бугарските медиуми изјавата на Петков.

Премиерот го нарекол „провокација“ рускиот филм со кој како што смета се припишуваат бугарски историски симболи на Северна Македонија.

-Не знам дали тоа доаѓа на ниво на држава или од директор-кажал тој.

Според него, Бугарија не може да биде рамнодушна кога некој се обидува да ја поткопа бугарската историја“.