Фото: МИА

Министерот за здравство Беким Сали за вршител на должност медицински директор на Универзитетска клиника за детски болести ја именува д-р Стојка Нацева-Фуштиќ, додека за нов в.д. медицински директор на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија ја именува д-р Виолета Клисаровска, информираат од кабинетот на министерот.

Новоназначените директорки се именувани како вршители на должност до именување медицински директор, по распишување конкурс, но не подолго од шест месеци.