Фото: пиксабеј

Управата за хидрометеоролошки работи најави дека утре ќе има зголемена облачност со појава на локален слаб снег на планините најпрвин на северот, а потоа ќе провејува понекаде претежно во западните планински делови.

Преку денот ќе дува и умерен до засилен северен ветер најизразен вдолж Повардарието.

Од понеделник следува период на стабилно време со не многу ниски утринските температури, а дневните до средината на неделата ќе бидат во постепен пораст. Утринските температури  ќе изнесуваат до – 7, а дневните  до 15 степени.