ФОТО:Зоран Антоски

Денес се навршуваат 120 години од смртта на Јордан Сиљанов Пиперката, најопеаниот војвода од кичевско, кој загинал на 10 август 1903 година во Церско поле, а по негова желба бил погребан во непосредна близина на село Велмевци на местото викано Черешна,возвишение од каде како на дланка и посмртно можел да ги гледа Церско поле и Демирхисарско, каде што и најмногу бил активен.

И годинава споменикот на Пиперката и неговите соборци беше е посетен од голем број почитувачи на животот и делото на војводата како и од претставници на локалната самоуправа Демир Хисар , додека делегација  од Кичевската коњаница организираше панихида во негова чест и положи свежо цвеќе пред споменикот на Черешна..

-Пиперката е опеан во многу песни а неговата храброст добро им е позната и на Османлиите кои и покрај многуте потери и заседи кои биле неуспешни, тврделе дека него го чуваат духови.Ние соселаните од Козица сме горди на нашиот најпознат и најпризнат соселанец, кој нашето село го впиша во историската мапа во времето на Илинден. Денес кога се навршуваат 120 години од смртта на Пиперката, со должна почит и огромна благодарност го спомнуваме името на големиот војвода, кој на најдобар можен начин го прославил нашето село во илинденскиот период и се потврдил како голем војвода и стратег кој вечно ќе живее во нашата меморија-истакна Христијан Трајаноски, жител на родното село на Пиперката и почитувач на неговото дело.