Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Вашингтон се сретна со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау.
На средбата беше потврдена заедничката заложба за понатамошно продлабочување на стратешкото партнерство и билатералната соработка меѓу двете земји, во интерес на нивните граѓани.
Во фокусот на разговорите беа унапредувањето на соработката во областа на одбраната, сојузништвото во НАТО, економијата, енергетиката и регионалната поврзаност.
Соговорниците разменија мислења и за актуелните состојби во регионот, при што беше нагласено значењето на континуираниот ангажман на Соединетите Американски Држави за зачувување на мирот, безбедноста и просперитетот на Западен Балкан.



































