Фото: Ка.М.
Прилеп повторно е центарот на најголемата летна фестивалска приказна во Македонија!
Синоќа започна 23 -то издание на масовната манифестација Пиво фестивал- кој нуди многу забава,пиво и скара.
Отворајќи го фестивалот градоначалникот Дејан Проданоски на посетителите им порача да уживаат овие денови во одличната музика, различните видови ладно пиво, прилепскиот бренд, највкусната скара и незаборавната забава, заблагодарувајќи им се на сите кои придонесоа оваа приказна повторно успешно да се реализира, на организацискиот тим, Советот на Општина Прилеп, јавните претпријатија, институциите, безбедносните служби, волонтерите, медиумите и на сите  партнери и спонзори кои веруваат во оваа манифестација и ја поддржуваат нејзината традиција.

На Пиво фестивалот гостин беше и премиерот Христијан Мицкоски.

За музичката ѕвезда Џенан Лончаревиќ било чест да се настапи на Пиво фестивалот.
-Ја сакам Македонија и затоа со задоволство дојдов да пеам тука.Дадов се од себе за убав настап.Имаше убава енергија – рече Лончаревиќ, при тоа потенцирајќи дека спрема дует со младиот колега  М Селимовиќ и дека ќе има нови синглови.
И младиот Огнен Здравковски не го криеше задоволството што настапи на Пиво фестивалот.
Вечерва е втората вечер на која посетителите ќе уживаат во настапите на Локдаун, Јордан Митев и главната музичка ѕвезда за вечерва Милица Павловиќ.
Ка.М.