Фото: Пиксабеј

Поради дефект во среднонапонската мрежа како резултат на контуинирани кражби од страна на жителите на кумановското Слупчане, вчера селото се соочуви со прекин во снабдувањето со електрична енергија и блокади од страна на мештаните за влез на екипите на ЕВН.

Од ЕВН за „Макфакс“ потврдуваат за прекинот во снабдувањето поради неконтролирано и неовластено користење на електрична енергија.

Од компанијата додаваат дека постојано се соочуваат со проблеми и закани од мештаните, односно не постојат услови за нормално извршување на законските обврски за одржување и управување на системот задистрибуција.

„Поради контуинирано неовластено користење на електрична енергија од страна на мештаните на село Слупчане, се оптоварува мрежата при што се предизвикуваат големи дефекти. Екипите на Електродистрибуција постојано се соочуват со попречување во извршување на законските обврски, се соочуваат со закани и им се забранува пристап до енергетските објекти. Со ова, во целост се оневозможува нормалното функционирање и работење. Се додека нема цврсти гаранции и услови за работа и нормално функционирање поради наведените причини, нема да постои можност за санација на дефектот“, наведуваат од Електродистрибуција.

И во ова село кражбите на електрична енергија се околу 80 отсто, исто како што беше случајот во скопското Арачиново. Наплатата е само 20 отсто.