Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје минатата недела санкционираа 225 непрописно паркирани возила што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
– Во периодот од 20.3.2023 до 26.3.2023 година, со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ се отстранети 130 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичкото средство блокатор се санкционирани 95 возила што биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници резиденти на секторот во кој биле паркирани – информираат општинските власти.
Оттаму додаваат дека ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведат во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територијата на општината Центар.