Фото: Игор Бансколиев

Екипите на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје ја завршија повеќедневната акција за чистење на поширокото централно градско подрачје.
Во рамките на акцијата беше спроведено рачно и машинско метење на јавните и
сообраќајните површини на булеварите Гоце Делчев, Филип Втори, Крсте Мисирков, Никола Карев и Александар Македонски.
– За обележување е дека истовремено беа отстранети приближно 170 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во реонот на Карадак Маало – во непосредна близина на комплексот факултети при Универзитетот „Кирил и Методиј“, како и на булеварот Александар Македонски, на потегот кон хотелот „Континентал“ – информираа од претпријатието.
Во акцијата учествуваа и екипи на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“.