Фото: Горан Анастасовски

Поголем дел од Скопје попладнево остана без електрична енергија, при што нема струја во Центар, Карпош, Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров…

Електричната енергија се враќа на моменти, но набргу повторно доаѓа до прекин во снабдувањето, за што голем број на граѓани изразуваат негодување и на социјалните мрежи.

Од ЕВН засега нема информација за причината за прекинот во снабдувањето со електрична енергија.