Промоција на ЕкоСкопје – паметна еко-платформа создадена од млади, која овозможува едноставно пријавување еколошки проблеми и придонесува кон почист и пофункционален град ќе се одржи денеска во организација на Здружението „Лидери за едукација, активизам и развој“ (ЛЕАД), во соработка со Град Скопје.
На промоцијата ќе се обратат градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставникот на Европската комисија, Евоут Сендкер и извршниот директор на Здружението, Иван Јованов.
ЕкоСкопје е развиена во рамки на проектот SkopYEAH!, што го реализира Здружението во соработка со Град Скопје, со финансиска поддршка од Европската Унија, пренесува МИА.



































