Неделава почнува исплатата на финансиската помош за новороденчиња во Општина Аеродром.

Со оваа мерка, 53 семејства во Општина Аеродром ќе добијат по осум илјади денари парична помош за новороденче.
– Општина Аеродром преку доделување еднократна парична помош за сите новороденчиња родени на нејзината територија дава свој скромен придонес во зголемувањето на наталитетот, а со цел делумно да им се олеснат трошоците на родителите што произлегуваат од таквиот среќен чин – информираат општинските власти.

Градоначалникот Тимчо Муцунски, потпишувајќи ги решенијата за финансиска помош за новороденчиња, порача дека најмладите остануваат во фокусот на вниманието и Општината останува отворена за секој проект што значи подобрување на нивниот живот.