„Атлантик“ ги пренесува искуствата на Американците по појавата на новата варијанта на ковид-19

Имам чувство дека сите што ги познавам имаат ковид-19. За време на раните фази на пандемијата повеќето од моите пријатели беа поштедени од директната средба со вирусот. Можеби бидејќи беа повнимателни. Или можеби само имаа среќа. Што и да е причината, на нивната добра среќа дојде крајот, пишува професорот на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, Јаша Монк, во неговиот авторски текст за „Атлантик“ насловен „Омикрон е почеток на крајот“.

Неколкумина од нив силно се сомневаат дека имаа коронавирус, но не се во можност да набават тест. За среќа сите имаат лесни симптоми (несомнено бидејќи се вакцинирани и не спаѓаат во ризичните категории). Тоа што се случува во мојот круг на пријатели се совпаѓа со развојот на настаните во Јужноафриканската Република каде што омикрон првично беше откриен. Бројот на нови случаи во африканската држава брзо се зголеми, додека смртните случаи постепено се зголемуваат, што е можна индикација дека омикрон е позаразен, но резултира полесен облик на болеста во однос на претходните варијанти на ковид-19.

Првичните нејасни податоци, барем засега, значат дека непосредната епидемиолошка иднина е несигурна. Можеби не очекуваат неколку релативно непријатни месеци пред омикрон да исчезне. Или можеби ќе искусиме нов експоненцијален пораст на хоспитализации и смртни случаи.

А мислам дека каков курс и да заземе омикрон, како и идните варијанти на болеста, оти ќе го искусиме крајот на пандемијата како општествен феномен.

Научниците имаат сопствени начини за одлучување дека пандемијата завршила. Но еден корисен параметар е кога луѓето се навикнале да живеат со постоечкото присуство на одреден патоген. По таа дефиниција, налетот на омикрон кој моментно се одвива низ делови од развиените држави, без поттикнување на посериозни мерки отколку половични одговори, го означува крајот на пандемијата.

Дали „новото нормално“ значи дека болеста претставува помал ризик? Или луѓето ќе го игнорираат ковид-19 дури и додека убива стотици или илјадници луѓе годишно? Постојат причини да се надеваме на пооптимистичко сценарио, иако нема јасен заклучок.

Но, каква штета и да нанесе омикрон во блиската иднина, ние веројатно наскоро ќе водиме животи кои повеќе ќе личат на пролетта во 2019 година, отколку во пролетта од минатата година, заклучува Монк.