Делегација на амбасадата на Руската Федерација во Македонија положи свежо цвеќе пред споменикот на Јуриј Гагарин, на истоимената улица, наспроти Министерството за економија, по повод годишнината од неговиот лет во вселената.
Оваа година венци положија амбасадата на Руската Федерација, предводена од амбасадорот Сергеј Баздникин, почесните конзули на РФ во Битола Сергеј Самсоненко, и во Охрид Велимир Стојковски, амбасадорите на Кина, Србија и БиХ во земјава, Иван Стоиљковиќ од Демократска партија на Србите, претставници од Општина Карпош на чија територија е споменикот, претставници на Рускиот Центар при УКИМ, претставници на „Лукоил“, како и руските граѓани што живеат во Македонија.
Јуриј Алексеевич Гагарин е советски космонаут кој на 12 април 1961 за првпат во историјата на човештвото се вивна во вселената со леталото „Восток“ и е прв човек што ја прелетал Земјата околу нејзината орбита.