Мост Близнак/ фото: Маја Јаневска-Илиева

ЈП „Улици и патишта“- Скопје информира дека утре во периодот од 6 часот до 8 часот, на потегот долж булевар „Киро Глигоров“ преку мостот „Близнак“, од крстосницата со улица „Индустриска“ до крстосницата со булевар „АСНОМ“ (во насока на движење кон населба Аеродром), ќе реализираат активности за санација на оштетената заштитна пешачка ограда на мостот, односно замена и монтажа на оштетените оградни елементи на мостот.

-Поради изведба на работите ќе биде затворена крајната лева сообраќајна лента која ќе биде обележана со соодветна сообраќајна сигнализација за насочување на учесниците во сообраќајот, а останатата сообраќајна лента во насоката на движење останува слободна за непречено одвивање на сообраќајот – соопшти ЈП „Улици и патишта“- Скопје.

Апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат трпеливи до завршување на работните активности и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.