Екипите на јавното претпријатие „Водовод и канализација“ во текот на изминатата недела интервенираа на неколку локации во градот, за непрекинато и квалитетно водоснабдување на жителите на Скопје.
Преку секторот „Водовод“ беа спроведени поголеми интервенции, односно отстранување дефекти на следните локации: улицата Коста Новаковиќ, улицата 171 бр. 8, улицата Наум Охридски 25, улицата Индира Ганди бр. 4, улицата 1 во Морани, улицата 1 бр. 11 во Рашче, улицата 1 во Глумово, улицата 3 бб во Батинци, улицата Перо Наков кај „Бриколаж“ и булеварот Борис Трајковски.
– ЈП „Водовод и канализација“ продолжува посветено да работи на одржување на водоводната и канализациската мрежа во градот Скопје, за да го зголеми квалитетот на услугите за своите корисници – информираат од водоводното претпријатие.