Фото : МИА

Украинската Влада ги повика цивилите да ги напуштат областите околу кои се водат борби во источниот дел на земјата и најави 10 хуманитарни коридори.

Граѓаните ќе можат да го напуштат Мариупол, кој е под силен руски оган, со автомобили во правец кон градот Запорожје, објави на Фејсбук вицепремиерката Ирина Верешчук.

Автобусите за Запорожје ќе тргнуваат од Бердјанск, Токмак и Мелитопол.

Понатаму на север, уште пет коридори за бегство водат од регионот Луганск до градот Бахмут. Рутите се објавуваат секој ден.

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат дека ја саботираат евакуацијата на цивилното население.