Во чест на 70-годишнината од раѓањето на Горан Стефановски вечерва беше осветлен и украсен делот околу неговиот споменик во Дебар Маало.
На настанот пригодна реч одржа амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, како и македонскиот книжевник Иван Антоновски.
– Ги украсивме елките околу клупата на која седи Горан за да нѐ осветли неговата „искра што се измолкнува“. За да нѐ потсети дека „сѐ се движи. Птиците и јагулите, заедниците и поединците, атомите, молекулите. Постои миграција, во простор и време, ширење и мешање и повторно мешање на култури и форми и идеи. Тоа е суштинско нешто: метаморфоза, трансформација, спогодување и адаптација. Тоа е животот!“ – напишаа на фејсбук од Европската куќа во Скопје, кои и се организатори на настанот.
Фотографии: Европската куќа во Скопје