Фото: Твитер/Профил на Светското првенство во Катар

Актуелниот бранител на трофејот Франција го совлада Мароко со 2-0 за да се пласира во финалето на Светското првенство во Катар. Тео Ерндандез во 5-та и резервистот Рандал Коло Муани во 79-та минута беа стрелци на погодоците.

Франција ќе има можност во финалето, против Аргентина в недела (од 16 часот), да стане третата селекција што ја одбранила титулата светски првак по Италија (1934 и 1938) и Бразил (1958 и 1962).

Првата африканска селекција што избори пласман во полуфиналето на мундијалите и најпријатното изненадување во Катар, ќе се сретне со Хрватска во мечот за третото место, в сабота од 16 часот. Двете селекции имаа дуел и во групната фаза, кога одиграа без погодоци 0-0.