фото: Зоран Антески

Пожар на покривна конструкција во помошен сопственост на Ш.Р. избувна синоќа на улица „Скопска во Кичево.

Во пожарот нема повредени ниту настрадани лица.

– Вчера во предвечерието околу 18.30 часот на улица Скопска во Кичево, избувна пожар на покривната конструкција на помошен објект сопственост на Ш.Р. од Кичево. По брзата интервенција од наша страна со две возила и осум пожарникари пожарот е ликвидиран и нема опасност од негово понатамошно ширење. Причината за пожарот и висината на материјалната штета допрва ќе се утврдуваат – информира командирот на ТППЕ Кичево, Горан Соколески.

З.А.