Фото: МИА

Без согласнот од Град Скопје, Советот на општина Ѓорче Петров викендов на седница изгласале измени на Деталниот урбанистички пан (ДУП) со кој се драстично зголемени од 5 ката + поткровје, на 20 ката + поткровје дозволените градби на улицата „Ацо Шопов“, информира денеска на прес-конференција градоначалничката Данела Арсовска.

Како што појасни градоначалничката Арсовска, иако морале да побараат мислење од надлежните институции, од општината до Министерството за транспорт и врски доставиле барање, од каде на 16 февруари годинава е добиена согласност и в сабота е поминато на Совет на општината.

Според Арсовска, согласнот за ДУП-от имало само од Агенцијата за катастар на недвижности, а од Град Скопје дале две негативни мислења.

Градот Скопје, како што најави Арсовска, ќе поднесе кривична против градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојковски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, претседателот на Советот на општина Ѓорче Петров Ленче Нелоска и Весна Андреецска, вработена во Министерството за транспорт и врски.

Од Уставниот суд, пак, ќе побара со времена мерка да ја запре примената.

– Нема да дозволиме покрај овие бетонски зданија и изградба на три индустриски објекти од хемиската индустрија како потенцијални катастрофи да се изградат во општина Ѓорче Петров – рече Арсовска.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, побара од претседателот на Советот, Бранко Ристов да свика итна седница на Советот за да се донесе одлука за поведување на постапка пред Уставниот суд за укинување на новиот урбанистички план во Ѓорче Петров. Јакимовски на денешната прес конференција рече дека ДУП-от е донесен на криминален начин, а најлошо е тоа што во него се вцртани три хемиски фабрики кои директно го загрозуваат животот на карпошани, особено на жителите на Влае.