Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов информира дека тротоарот што минува под Стоковната куќа „Мост“ и плоштадот „Скендер бег“ е небезбеден и истиот нема ограда, а по него се движат многу пешаци, велосипедисти, со електрични тротинети и скутери.

-Од тие причини ЦУК се обрати до Град Скопје со барање да се постави заштитна ограда кон улицата, на ивицата од овој тротоар, што на некои места е повисоко повеќе од два метра во однос на коловозната лента. Извесно време подоцна градот Скопје не извести дека е поставена огрда на тротоарот од двете страни на булеварот под Стоковната куќа „Мост“ и плоштадот „Скендер бег“. Оваа ограда е безбедна, ја гарантира безбедноста на граѓаните кои минуваат овде, без разлика дали се пешаци, велосипедисти или управуваат електрични тротинети или скутери, вели во видео-изјавата Ангелов.

Тој се заблагодари на Град Скопје за брзата реакција, користејќи ја оваа прилика да ги потсети граѓаните дека чекаат решение за малиот пешачки остров за бул. „Србија“ во Општина Аеродром, како и решение за напукнатото стакло на „Мостот Око“.