Генералниот директор на јавното претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“, Душко Весковски, спроведе увид на оперативните активности за реализација на водоводната мрежа од профил на цевка со дијаметар 300 милиметри, во должина од околу 100 метри во општината Гази Баба, во близината на мостот „Близнак“.
– Јавното претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ континуирано работи на реализација и зголемување на инвестициите за подобрување и обнова на водоводната и канализациската инфраструктура во градот Скопје. Со поставување на оваа водоводна линија се отвораат можности и услови за продолжување и развој на водоснабдителниот систем во овој дел од општината Гази Баба. Во интерес на исполнување на потребите на граѓаните, активно продолжуваме со инвестиции и спроведување оперативни активности како за водоснабдителниот така и за канализацискиот систем во сите општини во градот Скопје – истакна Душко Весковски.