Откако пред два месеца, во Општина Аеродром беше поставена станица за собирање кабаст отпад, граѓаните досега исфрлиле повеќе од 100 кубици отпад од овој вид.
Од Општината најавуваат дека во наредниот период ќе отворат уште неколку вакви станици, со цел да ја опфатат територијата на целата општина.

Оттаму додаваат и дека редовно ја чистат станицата од отпадот, бидејќи жителите максимално ја искористуваат и токму таму го складираат кабастиот отпад.