Заврши реконструкцијата на улицата Париска во населбата Тафталиџе. Асфалтирана е површина од 5.700 квадратни метри или 407 метри должина, со што се подобрија условите за движење по оваа сообраќајница.

Општинските власти велат дека градежните активности се одвивале подолг временски период, од причина што се работело и на изведба на поливателни бунари за одвод на атмосферски води. Со истите тие, ќе се овозможи непречено движење по улицата и во случај на поголеми врнежи од дожд.

Во меѓувреме, во Карпош се обновуваат и улиците Иван Аговски и Гиго Михајловски во Карпош 1 и Шекспирова во Карпош 2.
Во периодот што следува, по должината на Париска ќе биде поставена и нова сообраќајна сигнализација, со цел да се овозможи полесна регулација на сообраќајот.