Преку 1.500 пријавени ќе учествуваат в недела на „Скопје трча 10 километри“, трка која втора година по ред ќе се одржи на улиците на македонската престолнина.
Бројот на пријавени во однос на првото издание е речиси двојно големен.
– „Скопје Ран“ прерасна во трка во голема улична трка. Голем број на странски и македонски тркачи се дел од ова заедница кој има за цел да го следи спортскиот начин на живеење во нашето општество. Сакам да ги повикам сите заинтересирани да се вклучат во трката и со тоа да донираат во „Детското Село“-изјави Дарко Каевски, директор на Агенцијата за млади и спорт која е генерален покровител на манифестацијата.
Оваа година ќе се трча под мотото „Секој километар значи“ и трката ќе има хуманитарен карактер преку купувањето на хуманитарни километри за СОС Детско село.
Организаторот на трката – Сојуз на спортови на Град Скопје, потпомогнат од ко-организаторите Атлетски клуб Работнички, Атлетска федерација на Македонија и Министерството за внатрешни работи соопшти дека се е подготвено за непречено одвивање и безбедност на натпреварувачите.
Почетокот на „Скопје трча 10 километри“ е во недела (7 октомври) во 9 часот. Стартот е до фонтаната „Лотос“ на „Булевар Илинден“ и самиот финиш е на истата локација со тоа што трката е кружна и се трчаат 2 круга по 5 километри.
– Пријавувањето за трчање „Скопје трча 10 километри“ е затворено, а за за сите кои сакаат да бидат дел од оваа приказна може преку #СекојКилометарЗначи да купат хуманитарни километри на smartrace.club. Секој километар е 100 денари, а тие кои ќе земат 4 километри или повеќе ќе добијат подарок маица Парго од линијата на Катарина Ивановска-објави организаторот.