Фото: Фејсбук/Бујар Османи

Во рамките на серијата состаноци организирани од официјални претставници на маргините на Генералното собрание на ОН, се сретнаа и шефовите на дипломатиите на земјите од поранешна Југославија во врска со сукцесијата на имотот.

Според соопштението на МНР на Босна и Херцеговина, темата на разговорот била се однесувала за забрзување на имплементацијата на Договорот за прашањата за сукцесија.

– Министрите за надворешни работи на земјите наследнички на поранешна СФРЈ се состанаа во Њујорк за да разговараат за тоа како да се забрза имплементацијата на Договорот за сукцесија. Земјите кои присуствуваа на состанокот се договорија тесно да соработуваат за решавање на отворените прашања и одлучија да се среќаваат на редовна основа – се наведува во соопштението.

Тие реагираа и за тоа што Србија не присуствуваше на состанокот.

– Министрите на Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Македонија жалат што претставниците на Србија одлучија да не присуствуваат на состанокот – се додава во соопштението.