Фото: Архива

Срамна и неодговорна е злоупотребата на Анкетната комисија за случајот Онкологија од страна на ДПМНЕ и претседателката на комисијата Рашела Мизрахи, реагира СДСМ.

-ДПМНЕ и Мизрахи покажаа дека нивната цел со комисијата воопшто не била вистината, не биле пациентите, немале намера воопшто нешто да преземат, освен политички да ја злоупотребуваат Комисијата за ширење на невистини и манипулација на граѓаните. Јавноста се сомнева дека намерата на ДПМНЕ е да ја опструира истрагата на надлежните институции и да ја попречува. Во името на пациентите на Онкологија, во името на вистината и правдата Мизрахи треба да си даде оставка за сите злоупотреби на комисијата и да свика седница на Анкетната комисија за онкологија. Случајот Онкологија после 30 години го отворија институции во време на СДСМ и без разлика на ваквото однесување на ДПМНЕ, мора да има одговорност за сите инволвирани – реагираат од партијата.