Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер најизразен долж Повардарието и на исток. Во североисточните делови ќе има услови за слаби врнежи од снег.

Утринската температура ќе се движи од минус 10 до нулата, а дневната температура од минус четири до четири степени.

Во Скопје малку до умерено облачно со слаб претежно југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од минус шест до минус еден степен.

До петок ќе преовладува стабилно време, а за време на викендот ќе има зголемена облачност со локални слаби врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места и планините. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Дневната температура од четврток позначително ќе се зголеми, особено на повисоките места и на планините.