Фото: Зоран Антоски

Долготрајната суша проследена со мали количества врнежи од дожд, придонесе водостоите на реките и езерата во земјава драстично да опаднат и да дојдат речиси до својот минимум. Една од тие реки на која водостојот е во континуиран пад е Треска, бидејќи во регионот на Кичевско од каде оваа река најмногу се напојува со вода, се бележат само слаби врнежи од дожд.

– Како резултат на недоволните врнежи од дожд, реката Треска од ден на ден бележи се понизок водостој и денес на мерното место кај Македонски Брод се измерени само 3 сантиметри, што е најдобар показател дека оваа река и годинава како и претходните години ќе има многу низок водостој во текот на летото, што негативно ќе се одрази и врз дотокот на вода во езерото Козјак, бидејќи реката Треска е главен колектор за полнење на оваа езерска акумулација. Бидејќи и во наредниот период прогнозите на метеоролозите не најавуваат поинтензивни врнежи од дожд, тоа ќе придонесе водостојот на река Треска да падне под нултата кота и во реката да останат единствено мртвите води. Намалувањето на водостојот на река Треска секако негативно ќе се одрази и врз биодиверзитетот во оваадонеодамна, полноводна и бистра река – рече Миле Стојкоски од РЦУК Македонски Брод. З.А.