Фото: Зоран Антоски

Попладнево Кичево и околината ги зафати силно невреме  проследено со силен дожд и ветер.Од обилните врнежи од дожд , градските улици во градот се претворија во помали реки и речиси беше невозможно движењето на пешаците поради обилните врнежи  и ветерот.

– Кога има поинтензивни врнежи од дожд нашиот град редовно наидува на истите проблеми, а тоа е недоволната покриеност на градот со атмосферска канализација  или многу често поради затнување на атмосферските цевки нее во можност да ги апсорбира надојдени води – вели Драган Тренкоски пензионер.

Од комуналното претпријатие за честите излевања на шахтите од фекалната канализација во време на посилен дожд ги лоцираат во граѓанската недисциплина, поради насочување на водата од покривите директно во фекалната канализација.

– Последните две децении имаме многу проблеми со излевање на фекалната канализација, поради насочување во оваа мрежа на атмосферската вода од покривите, што за двојно ја зголемува количината на надојдената вода и предизвикува излевање на шахтите. Оваа појава е многу честа, а ние сме во акција да им укажеме на граѓаните  водата од покривите да не ја насочуваат во канализациските цевки или час поскоро да ја пренасочат во атмосверската канализација – вели Зенел Јонузи директор на Комуналец. З.А.